Антонио Гутереш Фото: Приватна архива на „Слободен печат“

Гутереш ќе го посети Кипар во обид да ги оживее преговорите за обединување

Кипар е поделен на грчки и турски дел од 1974 година, а мировните преговори меѓу кипарските Грци и кипарските Турци се во застој од 2017 година.

Генералниот секретар на Обединетите нации (ОН), Антонио Гутереш, следната недела ќе го посети Кипар во обид да даде нов поттик на долгогодишните мировни преговори меѓу грчката и турската заедница на поделениот остров.

Во пресрет на најавената посета, претставничката на генералниот секретар на ОН за кипарското прашање, Марија Анхела Олгин, денес ќе престојува во Брисел на состаноци во рамките на подготовките на ЕУ за можно обединување на островот, објави „Екатимерини“.

За време на кратката посета, Олгин треба да се сретне со новиот претставник на ЕУ за Кипар, извршниот потпретседател на Европската комисија Рафаеле Фито, како и со советници на претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет.

Турските Кипрани избраа нов лидер – се отвора нова шанса за наоѓање „златна средина“ со грчкиот дел на Кипар

Состанокот треба да помогне ЕУ да ги усогласи своите ставови доколку преговорите повторно започнат.

Европски дипломатски извори навеле дека неодамнешните контакти со Турција се зголемиле, а прашањето за Кипар сè повеќе се поврзува со пошироките односи меѓу ЕУ и Турција.

Функционери во Брисел сметаат дека се отвора нова можност за напредок, под влијание на актуелните геополитички услови и иницијативите на клучните страни.

ЕУ сега го очекува исходот од посетата на Гутереш пред да започне подготовки за евентуално обновување на преговорите за Кипар.

Ердоган предложи решение за Кипар: „Еден народ, две држави“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот