фото: instagram@skopjehokej

Хокеарскиот клуб Скопје херд ќе игра во Балканска лига

Македонски хокеари можно е да се натпреваруваат во регионалната лига идната сезона. Најавена е и Македонска лига

Хокеарскиот клуб Скопје херд, кој беше формиран минатата сезона во главниот град на Македонија, од идната сезона можно е да се натпреварува во Балканската хокеарска лига со клубови од Србија и од Бугарија.

Оваа информација ни ја соопшти сопственикот на клубот, Канаѓанецот Коди Јанзен.

– Скопје херд постигна вербална согласност да игра во Балканската хокеарска лига со тимови од Србија и од Бугарија следната сезона, а во тек е и започнување на Македонска лига со три тима. Значи, хокејот ќе се врати во Скопје претстојната зима – ни соошти Коди Јанзен.

Сопственикот на Скопје херд ни изјави дека наскоро ќе излезе со подетални соопштенија за споменатите теми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Skopje Стадо (@skopjehokej)

Хокејарскиот клуб Скопје херд беше формиран минатата сезона во која имаше одредени активности и одиграни пријателски мечеви на турнири во Скопје (лизгалиштето на СЦ „Бори Трајковски“) и во странство.

Составот на овој клуб е доминантно од домашни хокејари, а минатата година беше засилен со четворица Канаѓани и еден Словак од кои некои имаат НХЛ педигре.

Фромирањето на Скопје херд значеше оживување на хокејарската сцена во главниот град и во Македонија.

Хокеј: Успешно огнено крштевање на Скопје херд, а викендов следуваат мечеви со бугарски тимови

Хокејарскиот клуб Скопје хрд организира турнир: Канаѓани, Словенци, Македонци на ледот во „Борис Трајковски“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот