Фото: mkd.basketball

Јуниорската кошаркарска репрезентација ќе настапи на ЕП во Хрватска од Дивизијата Б

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија „Под 18“ години отпатува за Хрватска, каде од 24 јули до 2 август ќе настапи на Европското првенство од Дивизијата „Б“. На шампионатот, кој ќе се одржи во Риека и Опатија, ќе учествуваат 22 национални селекции, а трите најдобропласирани репрезентации ќе обезбедат место во елитната Дивизија „А“.

Македонските јуниори ќе се натпреваруваат во групата „Д“, заедно со селекциите на Грузија, Шведска, Унгарија и Босна и Херцеговина. Првиот предизвик за избраниците на селекторот Миодраг Тодоровиќ ќе биде токму дуелот со Грузија. Натпреварите ќе се играат во спортската сала „Марино Цветковиќ“ во Опатија и спортскиот центар „Замет“ во Риека.

Иако подготовките беа одбележани со неколку повреди, селекторот Миодраг Тодоровиќ истакнува дека атмосферата во тимот е одлична и дека фокусот е целосно насочен кон првиот натпревар.

– Атмосферата во репрезентацијата е одлична, на највисоко ниво. За жал, имавме неколку повреди кои ги сменија плановите во текот на подготовките, но тоа е составен дел од спортот. Имавме доволно време да ги анализираме противниците, а целиот наш фокус е насочен кон првиот натпревар против Грузија. Одиме меч по меч и на секој натпревар ќе играме на победа. Тоа е наша обврска кога го носиме дресот со државниот грб. Ќе се бориме секоја секунда за Македонија, затоа што амбициите секогаш мора да бидат највисоки кога се игра за националниот тим – изјави Тодоровиќ пред заминувањето за Хрватска.

НАТПРЕВАРУВАЧКИ ГРУПИ

ГРУПА А: Хрватска, Швајцарија, Црна Гора, Норвешка, Романија
ГРУПА Б: Полска, Исланд, Чешка, Украина, Португалија. Азербејџан
ГРУПА Ц: Белгија, Велика Британија, Финска, Ирска, Холандија, Кипар
ГРУПА Д: Шведска, БиХ, МАКЕДОНИЈА, Грузија, Унгарија

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА

ГРУПА Д

24.ЈУЛИ (ПЕТОК)

20.30: Грузија – МАКЕДОНИЈА

25.ЈУЛИ (САБОТА)

18.00: МАКЕДОНИЈА – БиХ

26.ЈУЛИ (НЕДЕЛА)

10.30: Унгарија – МАКЕДОНИЈА

27.ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК) – СЛОБОДЕН ДЕН

28.ЈУЛИ (ВТОРНИК)

МАКЕДОНИЈА – слободна

29.ЈУЛИ (СРЕДА)

10.30: МАКЕДОНИЈА– Шведска

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот