Возило на брза помош / Фото: Слободен печат / Драган Митрески

По невремето во Скопје во Ургентниот центар се примени 11 пациенти

Вкупно 11 пациенти биле примени во Ургентниот хируршки центар по невремето што вчера го зафати Скопје, од кои тројца се здобиле со тешки телесни повреди, а осум со полесни телесни повреди.

Како што информира за МИА директорот на ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџановски, една пациентка со повреда на главата и фрактура на десната потколеница е задржана на понатамошно лекување на Клиниката за неврохирургија.

На Клиниката за трауматологија е хоспитализиран и пациент со скршеница на левата потколеница, додека пациентка со скршеница на левиот рачен зглоб, по укажаната медицинска помош, е пуштена на домашно лекување.

Како што информираше Центарот за управување со кризи, по невремето проследено со силен ветер, дожд и локални поројни врнежи, на повеќе подрачја во државата се регистрирани материјални штети, паднати дрвја, оштетени кровни конструкции, прекини во електроснабдувањето и други последици.

Во Скопскиот регион по 17 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 се примени над 9.000 повици од граѓани, при што најголемиот дел се однесуваат на последиците од невремето. Најмногу се пријавуваат паднати дрвја, оштетени возила и кровни конструкции, скинати електрични кабли, паднати бандери и други оштетувања. Пријавите се однесуваат на целата територија на Град Скопје, вклучувајќи ги сите општини.

ФОТО | Бурата направи пустош — протече скопскиот аеродром, оштетени „Вила Водно“, 117 возила, откорнати 189 дрвја…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот