Фото: Фејсбук / Стари скопјани / Decko Jaz

ФОТО | Бурата направи пустош — протече скопскиот аеродром, оштетени „Вила Водно“, 117 возила, откорнати 189 дрвја…

Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на Основното јавно обвинителство, комплексот „Вили Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

Невремето кое вчера го зафати Скопје направи голема материјална штета. Досега, според пријавите од граѓани оштетени се 117 возила, 35 покриви, паднати се 189 дрва, 7 семафори, пријавени се 5 пожари и 15 повредени лица.

Фото: Слободен печат

Дополнително, оштетени се повеќе објекти од витално значење, меѓу кои објектите на Основното јавно обвинителство, комплексот „Вила Водно“, Аеродромската полициска база Петровец, објектот „Нова Македонија“, како и објектите на Министерството за финансии, Министерството за земјоделство и Јавното обвинителство.

Фото: Фејсбук / Стари скопјани / Decko Jaz

Невремето остави последици и во повеќе градови низ државата.

Фото: Слободен печат

Во Куманово пријавени се 9 оштетени возила и 3 оштетени кровови, а во Тетово евидентирани се 5 настани, од кои 3 оштетувања на патнички моторни возила и 2 оштетувања на кровови, додека на подрачјето на Гостивар нема пријавени оштетувања ниту повредени лица.

ФОТО+ВИДЕО | Бесно невреме удри врз Скопје — орканскиот ветер корнеше покриви, кутна стотици дрвја

Во Велес има две оштетувања на патнички моторни возила предизвикани од паднати дрвја, додека во Струмица паднати се електрични столбови во селата Доброшинци и Градошорци, како и прекин на снабдувањето со електрична енергија во селото Свидовица. Во Штип регистрирани се 14 оштетувања на патнички возила и 6 оштетувања на кровни конструкции.

Фото: Фејсбук / Мартин Андреевски / скриншот

Поради протекување на кровот на Меѓународниот аеродром во Скопје, имаше прекин на работењето на излезот од државата во траење од околу час и половина. Штети имаше и во Транзитниот центар Табановце на дел од привремените објекти за сместување на мигранти, шатори и помошни објекти, како и паднати дрвја без предизвикана материјална штета.

Две жени во неволја и момент на човечка топлина — невремето во Скопје изнедри барем една убава приказна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот