„Слободен печат“ дознава: Водоводната мрежа во Гостивар може да се врати во функција за една до две недели

Доколку вработените во ЈП „Водовод“ Гостивар соработуваат со тројцата експерти испратени од Скопје за да ја поправат состојбата со водоводната мрежа која беше контаминирана со фекалии, тогаш за една недела водата може да се врати во состојба да биде исправна за техничка употреба, а за две недели би можела и да се пие, дознава „Слободен печат“ од инволвирани во процесот.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски синоќа изјави дека експерти од ЈП „Водовод“ Скопје се веќе во Гостивар да констатираат фактичка состојба од аспект од моменталниот квалитет на водата. „Слободен печат“ дознава дека тројцата инженери задолжени да му помогнат на Гостивар да добие вода се електроинженерот Дејан Димовски, машинскиот инженер Александар Смилков и хемискиот инженер Емилија Аневска, сите тројца стручни луѓе со големо знаење, вработени во скопски „Водовод“.

Тие дале решение за враќање во нормала на гостиварската вода и системот на водоводната мрежа, кој вклучува хиперхлорирање, мерење на вредностите на водата секој ден, наложување на граѓаните да ја испуштаат водата од чешмите секој ден и други чекори кои ќе доведат до тоа мрежата да биде повторно употреблива.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот