Фото: Принтскрин / Икс/@InfosFrancaises

ВИДЕО | Двајца пожарникари загинаа во огнена стихија кај аеродромот во Бордо

Огромен пожар вчера избувна во близина на аеродромот во францускиот град Бордо, а двајца пожарникари загинаа во обид да го стават огнот под контрола, објави „Суд уест“.

Пожарот избувнал околу 14:30 часот кај аеродромот Бордо-Мерињак, поради што голем број летови биле откажани.

„Штотуку дознав од префектот на Жиронд дека двајца пожарникари загинале додека гаснеле пожар во објект во Мерињак, во Жиронд“, соопшти министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, додавајќи дека ќе отпатува на местото на настанот „што е можно поскоро“.

Огнот зафатил околу еден хектар тревна површина. Снимки од очевидци покажуваат облак од црн чад како се издигнува над аеродромот.

На терен биле испратени голем број пожарникари, а во гаснењето учествувале и воздушни сили.

Пожарот избувнал на површина што се граничи со долгорочниот паркинг П4 на аеродромот. Од аеродромот Бордо-Мерињак соопштиле дека огнот останал ограничен на подрачјето околу аеродромот и не ги зафатил неговите објекти.

Според министерот за транспорт, Филип Табаро, пожарот бил ставен под контрола околу 17:30 часот, по што полетувањата и слетувањата на аеродромот постепено се вратиле во нормала.

Во департманот Жиронд во вторникот било прогласено црвено ниво на опасност од шумски пожари поради екстремно сувата вегетација и неповолните временски услови.

Пожари беснеат низ Франција, луѓе се евакуираат по училишта и општински сали

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот