ФОТО | Стравотно невреме во Босна и Херцеговина: гром усмрти десетици овци, паѓал град со големина на тупаница
Гром вчера усмрти цело стадо овци близу градот Купрес во Босна и Херцеговина за време на силната бура што ја зафати земјата, објави „Дневни аваз“.
Препорачано
На социјалните мрежи беа објавени фотографии од угинатите животни, а засега нема информации за повредени луѓе.
Од локалната метеоролошка служба наведуваат дека станува збор за една од најтешките последици од денешното невреме.
Невремето во бројни делови од земјата резултирало со одрони, паднати дрвја и со отежнет сообраќај, а во некои подрачја била предизвикана и значителна материјална штета.
Според медиумските извештаи, во подрачјето на градовите Невесиње и Столац паѓал и град со големина на тупаница.
Метеоролозите претходно издадоа највисоко, трето ниво на предупредување за делови од Балканот поради опасност од силно невреме со обилни врнежи, силен ветер и грмотевици.
ФОТО+ВИДЕО | Бесно невреме удри врз Скопје — орканскиот ветер корнеше покриви, кутна стотици дрвја
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
17мин
-
30мин
-
43мин
-
50мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


