Фото: Скриншот/Инстаграм

ВИДЕО | Вил Смит испроба автомобил во Хрватска, па остана без зборови: „Никогаш не сум доживеал вакво нешто“

Холивудската ѕвезда Вил Смит деновиве престојуваше во Хрватска, каде што имаше можност да се вози во „Римац Невера“ – еден од најбрзите сериски електрични хиперавтомобили во светот.

Зад воланот бил хрватскиот претприемач и иноватор Мате Римац, основач и извршен директор на компанијата „Римац“, која е светски позната по развојот на електрични хиперавтомобили и напредни технологии за автомобилската индустрија.

Возењето се одвивало на затворена патека во близина на Загреб, а Смит не го криел воодушевувањето од перформансите на автомобилот. При активирањето на системот „ланч контрол“, со кој „Невера“ забрзува од 0 до 100 километри на час за помалку од две секунди, актерот останал без зборови.

„Ова е Мате, човекот што го дизајнираше и го направи ова чудо со 2.000 коњски сили“, вели Смит во видеото, додека силното забрзување го притиска во спортското седиште.

Освен забрзувањето, Римац му ги демонстрирал и можностите на автомобилот при дрифт, при што „Невера“ изведувала контролирани пролизгувања и оставала густи облаци чад од запалените гуми. Холивудскиот актер го снимал целото искуство со својот мобилен телефон.

По завршувањето на возењето, Смит испрати јасна порака до своите милиони следбеници на социјалните мрежи.

„Никогаш во животот не сум доживеал ништо слично на ова“, изјавил актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Will Smith (@willsmith)


Да потсетиме, Мате Римац е роден во Ливно во 1988 година, а уште како средношколец се истакнал со свои технички иновации.

Во 2009 година ја основал компанијата „Римац“, која од мала работилница прерасна во глобално призната технолошка компанија. Денес неговата компанија развива електрични хиперавтомобили и напредни автомобилски системи, а соработува со некои од најголемите светски производители на автомобили.

Мате Римац е хрватски рекордер по бројот на регистрирани патенти

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот