Девојката на Ламин Јамал проговори за гласините дека го оставила поранешното момче поради фудбалерот
По освојувањето на Светското првенство со репрезентацијата на Шпанија, младата фудбалска ѕвезда Ламин Јамал постојано е во фокусот на јавноста. Сепак, овојпат медиумското внимание се пренасочи кон неговиот приватен живот, односно кон неговата девојка, 21-годишната инфлуенсерка Инес Гарсија Сантос, која стана мета на гласини и напади на социјалните мрежи, пишува „Њуз“.
Препорачано
Имено, на социјалните мрежи беа објавени тврдења дека Инес прекинала петгодишна врска само за да започне романса со познатиот фудбалер. Иако таа претходно ги демантираше овие наводи истакнувајќи дека не сака да им дава значење на измислици, бранот негативни коментари продолжи да се шири.
Lamine Yamal’s girlfriend goes viral after alleged details about her past relationship surface online pic.twitter.com/GN38hFe5ij
— non aesthetic things (@PicturesFoIder) July 21, 2026
Дел од корисниците упатија жестоки обвинувања на нејзина сметка, додека други му порачуваа на Јамал да биде внимателен со луѓето со кои се опкружува.
Поради постојаните навреди и понижувања, Гарсија конечно реши јавно да се огласи преку социјалната мрежа Икс и да упати апел за емпатија.

„Никогаш не мислев дека споделувањето на нешто толку едноставно ќе се претвори во ова. Поминав часови читајќи ги коментарите и, иако се обидувам да бидам силна, и јас сум само човек. Зад овој профил стои личност која чувствува, која плаче, прави грешки и не престанува да биде човек само затоа што е во врска. Го разбирам критикувањето кога е со почит, но има огромна разлика меѓу имање мислење и одвојување време за да омаловажиш, навредиш или да му посакаш сè најлошо на некој што воопшто не го познаваш. Немам намера да ги убедувам луѓето да ме сакаат, само барам малку хуманост бидејќи никој не заслужува илјадници пораки полни со омраза“, напиша таа.
Романсата меѓу Јамал и Инес стана актуелна за време на Мундијалот, кога таа отворено му даде поддршка пред финалето против Аргентина, истакнувајќи дека Шпанија ќе победи бидејќи тој е најдобриот фудбалер.


