Ирански дрон со ликот на Јамал / Фото: принтскрин / јутјуб / I24news.tv

ВИДЕО | „Светските шампиони се со Палестина“ — Иран лансираше дрон кон американска база со ликот на Јамал

Иранските сили лансираа експлозивнo беспилотно летало насочено кон американската воена база во Персискиот Залив, кое носеше голема фотографија од шпанската фудбалска ѕвезда Ламин Јамал, кој држи палестинско знаме, пренесе иранската телевизија И24њуз.

Иранските медиуми објавија снимка од лансирањето на беспилотни летала кон американските бази во регионот. На трупот на еден од лансираните дронови јасно може да се види залепена фотографија од младата ѕвезда на Барселона и на шпанската репрезентација.

Станува збор за автентична фотографија направена во мај за време на прославата на титулата на Барселона во Ла Лига, кога Јамал беше фотографиран со високо кренато палестинско знаме.

Покрај фотографијата на Јамал, на авионот е прикажан натпис напишан на персиски и англиски јазик.

Пораката гласи: „Навивачите на Палестина и Иран се светски шампиони“.

Техеран ја предупреди Софија: Ќе трпите последици ако ги поддржите американските напади

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот