Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

Италијанската фудбалска федерација во преговори со Пеп Гвардиола

Италијанската фудбалска репрезентација пропушти три последователни Светски првенства. Затоа тамошната фудбалска федерација посакува да го доведе најдобриот можен тренер по секоја цена.

Она што со денови кружи во светските медиуми, сега доби официјална потврда: Италијанската фудбалска федерација е во преговори со Пеп Гвардиола. Но, без голем оптимизам дека легендарниот Шпанец ќе ја прифати работата. Сепак, Италијанците не се откажуваат, туку подготвуваат и алтернативи.

– Постојат исклучоци што можат да се направат, кога станува збор за некои имиња, како што е она што најмногу се споменуваше во последните денови – Пеп Гвардиола. Мислам дека е очигледно зошто ова би бил исклучок со кој би се согласиле. Но, не е сигурно дека ќе постигнеме договор. Сепак, верувам дека е исправно и важно да се одржат овие преговори живи. Ова апсолутно не е недостаток на почит кон другите кандидати, бидејќи и ние почнавме да разговараме со нив – рече Џовани Малаго, претседател на Италијанската фудбалска федерација, за Гаѕета дело Спорт.

На прашањето дали единствените три имиња во оптек се Гвардиола, Андреа Пирло и Роберто Манчини, Малаго рече:

– Апсолутно не. Размислуваме за одреден профил на тренер, а овие споменати имиња спаѓаат во таа категорија – вели претседателот на Италијанската фудбалска федерација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот