Даниел Сиад, осомничен дека регрутирал жени за Џефри Епстин, е пронајден мртов во Франција
Скаутот на модели Даниел Сиад, осомничен за регрутирање жени за покојниот сексуален престапник Џефри Епстин, e пронајден мртов во Франција, објави Би-би-си.
Препорачано
Сиад (69) е пронајден мртов во својот дом во Коломб, во францускиот департман Го де Сен.
Властите отворија истрага, а околностите околу неговата смрт и понатаму се непознати.
Името на шведскиот државјанин наводно се појавува околу 2.000 пати во досиејата поврзани со Епстин објавени од Министерството за правда на САД.
Сиад наводно работел како регрутер за Епстин во Франција. Во 2022 година, една Французинка кажала на полицијата дека се запознала со Епстин преку Сиад и потоа паднала во неговата стапица, според БФМТВ.
Во интервју за БФМТВ во мај 2026 година, Сиад признава дека го познавал Епстин и дека го запознал со многу млади жени, но нагласи дека се претставил како директор за кастинг за „Викторија сикрет“.
Според медиумот, Сиад имал патувања за регрутирање модели во име на Епстин од крајот на 2000-тите до 2017 година во земји како Полска, Чешка, Јужноафриканската Република, Мароко, Куба и Франција.
Сиад, исто така, се има соочено со жалби од пет жени кои го обвинуваат за силување и сексуално насилство.
Бил Гејтс призна дека можеби бил во присуство на жртвите на Џефри Епстин


