Роднини се потпишуваат на меморијалниот ѕид за МХ370 - Фотографија ЕПА, Назри Мохамад

Единаесет години без одговор: Се обновува потрагата по авионот на „Малезија ерлајнс“ на летот MH370

Министерството за транспорт на Малезија денес соопшти дека потрагата по исчезнатиот авион на „Малезија ерлајнс“ на летот MH370 ќе продолжи на 30 декември, повеќе од една деценија откако мистериозно исчезна.

Во потрагата ќе биде вклучена американската компанија „Оушн Инфинити“, која ќе го пребарува морското дно 55 дена во области за кои се верува дека содржат остатоци од авионот, објавува „Дојче веле.

Детали за точните локации не беа дадени.

Боингот 777 исчезна од радарот кратко по полетувањето на 8 март 2014 година, превезувајќи 239 лица, претежно кинески државјани, на лет од малезискиот главен град Куала Лумпур до Пекинг. Сателитските податоци покажаа дека авионот отстапил од планираната рута и се упатил кон јужниот Индиски Океан – каде што се верува дека се урнал.

Скапото мултинационално пребарување не успеа да открие никакви траги за локацијата на авионот, иако остатоци беа исфрлени на источниот брег на Африка и островите во Индискиот Океан. Приватната потрага во 2018 година, исто така предводено од „Оушн Инфинити“, исто така не даде резултати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот