Христос Цолис/Arsenal FC

Арсенал со засилување од 40 милиони евра урна рекорд во Белгија

Арсенал и официјално го комплетираше трансферот на грчкиот репрезентативец Христос Цолис, кој пристигнува од Клуб Бриж.

Спортскиот директор на лондонскиот клуб, Андреа Берта, изрази големо задоволство од ангажманот на 24-годишниот офанзивец, оценувајќи дека станува збор за играч кој ќе донесе дополнителен квалитет во тимот на Микел Артета.

„Презадоволни сме што успеавме да го доведеме Христос Цолис. Тој е поливалентен напаѓач кој може да игра и на левата крилна позиција, но и на други места во нападот. Одлично шутира со двете нозе, одлично се снаоѓа во мал простор и поседува исклучителни технички квалитети. Убедени сме дека ќе донесе многу за нашата екипа, особено ако се земат предвид неговите бројки во последните три сезони“, изјави Берта.

Според информациите на „Скај спорт“, Арсенал за неговиот трансфер ќе плати 41 милион евра, што претставува најголема продажба во историјата на белгиското првенство.

Цолис зад себе има одлична сезона во дресот на Клуб Бриж, каде што на 36 натпревари во домашното првенство постигна 17 голови и додаде уште 23 асистенции.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот