ВИДЕО | Виралниот навивач на Манчестер јунајтед со косата драстично го промени изгледот
Еден од најпознатите навивачи на Манчестер јунајтед, Френк Илет, со нетрпение ја очекува новата сезона, но и понатаму останува верен на своето необично ветување.
Препорачано
Младиот Англичанец, познат на социјалните мрежи како „The United Strand“, стана интернет-сензација откако вети дека нема да ја потстрижи косата сè додека Манчестер јунајтед не оствари пет последователни победи.
Предизвикот го започна во октомври 2024 година, а денеска веќе поминаа 656 дена откако последен пат седнал на фризерско столче.
Бидејќи Јунајтед нема официјални натпревари Илет нема да се потстрижи најрано до септември, па така мораше да најде и решение за големата коса. Решението го пронашол на 8 јули, кога во Шпанија направил плетенки и потоа отпатувал во САД за да го следи Светското првенство.
View this post on Instagram
Сепак, пред финалето на турнирот решил повторно да го промени изгледот. Откако ги следел натпреварите на својата Англија, Илет пред големиот финален дуел ги извадил плетенките, бидејќи почнале сами да му се расплетуваат. Откако сам ги отстранил, присуствувал и на финалето, каде што навивал за Шпанија.
View this post on Instagram
Плетенките сепак оставиле трага врз неговата коса, која сега не е толку бујна како претходно. Тоа веројатно ќе му ја олесни секојдневната грижа додека чека Манчестер јунајтед конечно да ја оствари серијата од пет победи по ред.
View this post on Instagram


