Фото: Фејсбук/Христијан Мицкоски

Владата ќе им плати отштета на сите граѓани погодени од невремето, вети Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека Владата ќе им исплати обесштетување на граѓаните кои претрпеа загуби во невремето.

Тој им порача на граѓаните да ја пријават настанатата штета во општинските комисии, кои треба да направат проценка на истата.

„Општините и институциите под општините формираат комисии, граѓаните што имаат штета треба да ја пријават таа штета кај комисиите, тие ќе направат процена и веднаш во комитетот за процена на штети ќе ги достават до Владата, а ние во согласност со законот и праксата ќе интервенираме и ќе ги обесштетиме оние што ќе пријават штета“, изјави Мицкоски.

Премиерот апелираше до граѓаните навремено да ги пријават штетите, за да може Влада да ја спроведе законската постапка за обесштетување.

ФОТО | Бурата направи пустош — протече скопскиот аеродром, оштетени „Вила Водно“, 117 возила, откорнати 189 дрвја…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот