Фото: EPA/EFE/ Ѓорѓи Личовски

Кафулињата и операторите со храна во Гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата, утврди АХВ

Кафулињата, пицериите, пекарниците, слаткарниците и други оператори со храна во Гостиварско ја почитуваат забраната за употреба на водата, покажале вонредните надзори на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) спроведени во вторникот.

Како што информира АХВ, инспекторите извршиле 70 вонредни надзори со кои биле опфатени кафе барови, пицерии, пекарници, слаткарници, сендвичарници, ќебапчилници, производство и пакување на овошје и зеленчук, промет и други оператори со храна.

-Кај операторите не се утврдени отстапки во овој дел – за послужување и за миење на садовите, работните површини и опремата, забраната се почитувала и се користела пакувана вода и безбедна вода во спроведувањето на работните процеси. За послужување на гостите во угостителските објекти, утврдено е дека се употребуваат пластични и хартиени чаши и прибор – соопшти АХВ.

Оттаму додаваат дека при контролите биле утврдени недоследности – неспроведени мерки за дезинфекција, дезинсекција и дератизација (пет оператори), како и неспроведени задолжителни здравствени прегледи на вработените кај 18 оператори.

-Затекнати се и 11 правни лица кои не се регистрирани како оператори со храна во АХВ, за што покрај парична казна, им е изречена и времена забрана за вршење на дејноста до регистрирање. Кај двајца оператори е утврдено дека пуштале во промет небезбедна храна во количина од 18 килограми (виршли, кисело млеко, јогурт, слајс салами, путер) кои се нештетно уништени – нагласува Агенцијата.

Според АХВ, за констатираните недоследности, покрај наложеното спроведување задолжителни здравствени прегледи за вработените кај операторите со храна, забрани за вршење дејност (12), опомена и наредби за отстранување на недоследностите со контролите, изречени се и 30 парични казни во вкупна висина од 7.750 евра во денарска противвредност.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот