Обвинителството бара притвор за гевгеличанец — ја истепал сопругата и се заканувал дека ќе ја запали куќата

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе обвинителен предлог и побара мерка притвор за маж осомничен за кривичните дела „Телесна повреда“ и „Загрозување на сигурноста“, сторени во услови на семејно насилство.

Според Јавното обвинителство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, по вербална расправија во семејниот дом околу тестаментот што го потпишала мајката на оштетената, обвинетиот најпрво ја навредувал својата сопруга, а потоа ја истепал.

„Тој почнал да ја навредува оштетената, а потоа и физички ја нападнал, удирајќи ја со боксови и клоци во главата и телото и нанесувајќи ѝ телесни повреди – повеќе крвни подливи“, соопштуваат од Обвинителство.

Следната вечер, откако жената го пријавила случајот во полиција и заминала во домот на својата ќерка, обвинетиот испратил заканувачка СМС-порака на телефонот на ќерката.

Во пораката навел дека, доколку сопругата не се врати дома, купил 10 литри бензин и ќе ја запали куќата. Со заканите, според Обвинителството, кај оштетените предизвикал чувство на страв, несигурност и загрозеност.

„Имајќи ги предвид сите околности, а особено фактот дека обвинетиот ги сторил кривичните дела во услови кога е осуден за претходно сторено кривично дело загрозување на сигурноста и му е изречена мерка – условна осуда три месеци, а за која рокот на проверка од една година сè уште трае, јавниот обвинител оцени дека е неопходно да предложи да му биде определена мерка притвор додека трае новата постапка против него“, соопшти Обвинителството.

Насилник со нож им се заканувал на газдите во Трубарево — неговата сопруга побегнала во казино да го пријави во полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот