Фото: Царинска управа

ФОТО | Македонка од Белгија се обидела да прошверцува злато вредно над 20.000 евра преку „Табановце“

Македонка, која со својот сопруг живее во Белгија, се обидела преку граничниот премин „Табановце“ да внесе златен накит вреден околу 21.100 евра, скриен во нејзината чанта.

Цариниците го откриле обидот за криумчарење при проверка на автомобилот на двајцата сопружници, соопшти денеска Царинската управа.

Фото: Царинска управа

За време на контролата, службениците пронашле 26 парчиња златен накит, со тежина од 348 грама во нејзината чанта.

„Против неа, Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднесе кривична пријава за сторено кривично дело ‘криумчарење’, казниво согласно Кривичниот законик“, се додава во соопштението.

Фото: Царинска управа

Од Царинската управа информираат дека годинава се откриени 13 случаи на криумчарење злато, при што биле запленети повеќе од 2,5 килограми златен накит и златни монети.

Ветил дека ќе му го врати запленетиот златен накит, па го измамил за 28.700 евра

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот