Фото: Принтскрин од видео од X / İstanbul Büyükşehir Haber

ВИДЕО | Песочна бура во Истанбул: ветрот корнеше дрвја и покриви, авиони не можеа да слетуваат

Силна песочна бура вчера попладнето го погоди Истанбул, небото се затемни, ветерот корнеше дрвја и крена покриви, а возачите имаа проблеми поради намалена видливост поради облаци прашина, пренесоа турските медиуми.

Поради силни ветрови и неповолните временски услови, некои авиони кои се обидуваа да слетаат на аеродромите „Истанбул“ и „Сабиха Гокчен“ беа принудени да кружат во воздух.

Деца кои си играа на улица и минувач речиси беа згмечени од покрив кој се откорна под налетите на ветер во истанбулскиот кварт Есенлер, а настанот беше снимен од безбедносна камера.

Силен јужен ветер крена високи бранови во близина на Ускудар, што им го отежна движењето на граѓаните по крајбрежјето.

Во центарот на Истанбул, Фатих, во квартот Лалели, дрво падна на патот и предизвика краткотрајни прекини во сообраќајот.

Силниот ветер, понекогаш придружен со слаб дожд, следеше по топлотниот бран за време на кој температурата во Истанбул беше измерена над 35 степени.

Метеорологот Адил Тек за „Сабах“ изјави дека нов систем на дождови пристигнува во Турција од Бугарија и Романија, кој во текот на вечерта прво ги погоди Једрене и Киркларели, а потоа, дождот ќе ја покрие цела Тракија, особено европската страна и северните делови на Истанбул.

„Врнежи се очекуваат и во петок и сабота. Температурата значително ќе се намали, особено за време на викендот. Во некои области, дневната температура ќе биде од 24 до 25 степени Целзиусови, додека ноќната температура ќе се спушти на 22 степени Целзиусови“, објави Тек.

ВИДЕО | Обилни дождови направија хаос по улиците на Варна

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот