Фото: Слободен печат/Методи Здравев/ (Рига)/ФК Вардар

ФОТО | Искршени столчиња и шкафчиња: Летонците покажаа голема некултура по победата над Вардар

Фудбалерите на Вардар вчера загубија во натпреварот од летонска Рига со 3-2 во второто квалификациско коло од Конференциската лига, а по овој дуел гостите си заминале со оставен хаос во соблекувалната.

За разлика од претходниот дуел со Купс кога по натпреварот на Арената Финците си заминаа оставајќи ја соблеквуалната идентично чиста како и што им беше дадена, сега фудбалерите на Рига покажаа едно однесување кое не доликува на спортски клуб.

Во нивното славје тие освен што си го оставиле ѓубрето зад себе, оштетиле и дел од инвертарот, искршени се неколку столчиња и шкафчиња.

Ваквиот потег сега нека биде само дополнителна мотивација за Вардар пред реваншот на гостински терен во Летонија кој е закажан за 28 јули да направи пресврт во конечниот резултат.

ГАЛЕРИЈА | Рига славеше во Скопје, Вардар не го круниса роденденот со победа

Ристовски разочаран од посетеноста на роденденот на Вардар: Во Македонија исчезнува навиката да се биде на трибина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот