Испливаа хонорарите на ѕвездите на „Одисеја“ — еве колку заработиле Мет Дејмон, Зендаја, Шарлиз Терон и Том Холанд
Новиот филм на Кристофер Нолан, „Одисеја“ (The Odyssey), за само една недела прикажување во киносалите го надмина износот инвестиран во продукцијата. Филмот наводно чинел 250 милиони долари, а досега заработил 264 милиони долари на киноблагајните.
Препорачано
Сега се објавени и неофицијални податоци за хонорарите на ѕвездената актерска екипа, како и пресметка за тоа колку наводно заработиле по сцена.
Епската приказна за Одисеј, грчкиот крал на Итака, кој се обидува да се врати дома по Тројанската војна, пристигна во кината на 17 јули. Мет Дејмон и Том Холанд ги играат главните улоги, а „Тајмс ентертејнмент“ ги објави наводните износи што тие и другите членови на актерската екипа ги добиле за филмот.
Мет Дејмон
Педесет и петгодишниот Дејмон го игра главниот лик Одисеј во филмот и има најмногу сцени, вкупно 46. За таа улога, наводно добил највисок хонорар, 15 милиони долари. Според таа пресметка, тој заработил повеќе од 326.000 долари по сцена.
Том Холанд
Ѕвездата на „Спајдермен“ во филмот го игра Телемах, син на Одисеј, и се појавува во 24 сцени. Неговиот хонорар наводно е 10 милиони долари, или околу 416.666 долари по сцена.
Зендаја
Зендаја, позната по серијата „Еуфорија“ и како сопруга на Холанд, ја игра божицата Атина. Таа се појавува во шест сцени во филмот, а нејзиниот хонорар наводно изнесува пет милиони долари. Тоа значи дека, според тие проценки, по сцена заработила околу 833.333 долари.
Ен Хатавеј
Четириесет и тригодишната Хатавеј ја игра Пенелопа, сопругата на Одисеј, која го чека во текот на неговото долго патување. Таа се појавува во 16 сцени и наводно била платена помеѓу четири и пет милиони долари за улогата. Тоа би значело дека заработила околу 312.500 долари по сцена.
Роберт Патинсон
Роберт Патинсон го игра Антиној, еден од додворувачите на Пенелопа, кој се обидува да го заземе местото на Одисеј додека го нема. За неговата улога во 14 сцени наводно заработил околу шест милиони долари, што е приближно 428.571 долар по сцена.
Шарлиз Терон
Шарлиз Терон, која ја игра улогата на Калипсо во филмот се проценува дека добила помеѓу 5 милиони и 6 милиони долари.
Елиот Пејџ
Елиот Пејџ го игра Синон, грчкиот војник поврзан со Одисеј во текот на Тројанската војна. Пејџ се појавува во шест сцени, а за улогата наводно добил 1,5 милиони долари. Според таа пресметка, неговата заработка по сцена е околу 250.000 долари.
Лупита Нјонго добила меѓу 1,5 милиони и 2 милиони долари, додак Миа Гот била платена помеѓу 1 милион и 1,5 милиони долари.
Зендаја најмногу заработила по сцена, а Дејмон добил највисок вкупен хонорар
Интересно е што Зендаја, и покрај тоа што се појавува во најмал број сцени меѓу главната екипа, според овие неофицијални пресметки имала најголема заработка по сцена.
Од друга страна, Мет Дејмон има највисок вкупен хонорар, но поради најголемиот број сцени, неговата заработка по сцена е значително помала.
Мет Дејмон морал да ослабе за улогата во „Одисеја“, еве што отстранил од исхраната
„Ова е филм што не смеете да го пропуштите“: први реакции за „Одисеја“ на Кристофер Нолан


