ВИДЕО | Шер мора да плати милион долари за судски трошоци иако ја доби судската битка со вдовицата на Сони Боно
Иако минатата година излезе како победник во правната битка против Мери Боно околу авторските хонорари, познатата пејачката Шер ќе мора сама да ги покрие астрономските судски трошоци што ги направи за време на процесот. Иако федералниот судија во декември 2025 година пресуди во корист на Шер, нејзиното барање Мери Боно да ѝ ги надомести правните трошоци во износ од 1.023.605 долари беше одбиено, пишува „РолингСтоун“.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според пишувањата на „РолингСтоун“, судијата Џон А. Кронштад истакна дека спорот меѓу Шер и Мери примарно се засновал на договорно право, а не на федералниот закон за авторски права, правилата што би наложиле задолжително покривање на трошоците од спротивната страна не важат во овој случај.

Кон крајот на минатата година, судијата Кронштад застана на страната на Шер, донесувајќи конечна пресуда во четиригодишната војна за хонорари што пејачката ја водеше со Мери Боно, која е управувачка со имотот на нејзиниот покоен сопруг. Во конечната одлука потпишана на 26 ноември 2025 година, судијата потврди дека Мери нема право да се повикува на федералниот Закон за авторски права за да ѝ го одземе уделот од 50 отсто од хонорарите за композициите на Сони, кои ѝ беа доделени на Шер со нивниот договор за развод од 1978 година.
Исто така, судот одлучи дека Шер го задржува правото нејзините хонорари од композициите и музичките изданија да ѝ се исплаќаат директно на неа, иако таа во 2022 година ги продаде своите права на компанијата „Iconic Artists Group“ на Ирвинг Азоф. Мери Боно се обиде да соработува директно со оваа компанија и да ги пренасочи исплатите преку имотот на Сони, целосно заобиколувајќи ја Шер.
Мери подоцна поднесе жалба на оваа одлука со која на Шер ѝ се гарантира половина од авторските хонорари за големите хитови од 1960-тите, вклучувајќи ги „I Got You Babe и The Beat Goes On“. Федералниот апелациски суд сè уште нема донесено одлука по жалбата.

Адвокатот на Мери Боно изјави дека засега немаат коментар, додека правниот тим на Шер веднаш не одговори на барањата за коментар.
Музичката легенда Шер (79) се прослави со дуетот со Сони во 60-тите години, пред да започне повеќедецениска соло-кариера со која освои Греми, Оскар и Еми награди. Во февруари годинава, таа се појави на доделувањето на Греми наградите за 2026 година, каде што ѝ беше врачена наградата за животно дело.
По смртта на Сони Боно во скијачка несреќа во 1998 година, управувањето со неговиот имот го презеде Мери. Правата за издавање на неговата музика станаа подложни на раскинување на договорите почнувајќи од 2018 година, што ја поттикна Мери да ги извести издавачите за нејзината намера да ги поврати одредените авторски удели.
Во екот на битката за старателство, Шер ја прекина финансиската поддршка за синот Елија Блу Олман
Судот одлучи – Шер ја изгуби битката за старателство над 49-годишниот син


