Фото: Слободен печат / Методи Здравев

ГАЛЕРИЈА | Рига славеше во Скопје, Вардар не го круниса роденденот со победа

Во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА, фудбалерите на Вардар загубија на домашен терен со 3:2 против Рига од Летонија.

На Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје после првото полувреме летонскиот претставник имаше минимална предност од 2:1.

Вардар ни во својот втор домашен меч ова лето на меѓународната сцена не успеа да ги израдува своите навивачи со победа. Потсетување, во првото квалификациско коло на Лигата на шампионите, Вардар загуби со 2:0 против финскиот Купс, а потоа доживеа и елиминација од натпреварувањето.

Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Поразот е уште поболен што денеска ФК Вардар го слави својот 79 роденден и истиот не успеа да го круниса со европски триумф.

Тренерот на екипата, Кристијан Фабијани на прес-конференцијата пред мечот изрази оптимизам, а тоа се виде и по триумфот над Купс во реваншот дека неговите фудбалери имаат капацитет да се претстават многу подобро на теренот.

Така барем изгледаше и се најавуваше во 28 минута кога скопските „црвено-црни“ поведоа во 28 минута со голот на Диего Кастањеда.

Во еден контранапад, аргентинскиот интернационалец натрча на одбиената топка и успеа од непосредна близина да ја затресе мрежата на Оролс за водство од 1:0.

Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Летонците беа свесни за предизвикот, но не дојдоа со „бело знаме“, туку по поволен резултат што ќе им биде во нивна корист пред возвратниот дуел.

Гостите израмнија во 35 минута со голот на интернационалецот од Костарика, Гало, а само четири минути подоцна дојде и пресвртот на Рига кој го донесе Јаго Сиквера (39`), а Гало успеа да запише асистенција.

И двете страни се гледаше желбата да се дојде до позитивен резултат, иако статистички играчите на Рига делуваа поопасно со повеќе удари во рамките на голот на Талески.

Вардар се обидуваше да го избегне поразот, ги израдува своите навивачи со нов гол преку Герсон Родригес по асистенцијата на Закариќ во 66 минута од средбата на нашиот најголем стадион.

Рига во финишот, поточно во 81 минута дојде до победнички гол кој беше дело на Региналдо Рамирес по додавањето на Салазар.

Реваншот ќе се игра на 28 јули со почеток од 19.00 часот на теренот на Рига.

Конференциска лига
Второ квалификациско коло

Вардар – Рига 2:3 (1:2)

ФК Вардар: Талески, Јанкулов, Најдовски, Матиќ, Маневски, Николов, Бабунски, Кастањеда, Мигел Пирес, Родригес, Омерагиќ.

Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев
Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот