Вилијам Шатнер и неговата ќерка Мелани - Фото: Media Punch, MediaPunch Inc / Alamy / Profimedia

ВИДЕО | Актерската легенда Вилијам Шатнер и неговата ќерка успеаја да го победат ракот во четврта фаза

ТВ-иконата Вилијам Шатнер кој неодамна наполни 95 години и неговата најмлада ќерка Мелани Шатнер Греч, во ексклузивно интервју за магазинот „Пипл“ за првпат отворено зборуваа за нивната истовремена битка со ракот во четврта фаза и како со меѓусебна поддршка успеале целосно да ја победат болеста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Страшните вести пристигнале во јули 2022 година кога на Мелани ѝ бил дијагностициран агресивен облик на рак на дојка кој се проширил на лимфните јазли. За време на нејзините мачни хемотерапии, хируршки зафати и зрачења, Шатнер постојано бил до неа како најголема поддршка и ги покривал сите нејзини медицински трошоци.

Но, за семејството следел нов шок во јуни 2023 година, на познатиот актер му бил дијагностициран меланом (рак на кожа) во четврта фаза, кој веќе се проширил на неговите бели дробови и мозокот.

„Ми рекоа дека ако дојдев малку подоцна, веќе ќе бев мртов. Но, универзумот се грижи за мене“, изјави 95-годишната ѕвезда од „Ѕвездени патеки“.

Благодарение на иновативните илуминативни имунотерапии и врвните медицински тимови, кон крајот на 2024 година и на двајцата беа официјално им беше соопштено дека го победиле ракот. (cancer-free).

Ова животно искуство целосно им го променилоглед на светот. Поради тоа, таткото и ќерката на 29 јули лансираат свој нов поткаст за здравје и долговечност насловен „No Time High Now“, каде со експерти ќе разговараат за преживувањето, менталната сила и убавината на животот.

Легендарниот актер Вилијам Шатнер наполни 95 години и сè уште пуши: „Никогаш не фрлајте добра пура“

Легендата на „Ѕвездени патеки“, Вилијам Шатнер, итно пренесен во болница

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот