Фото: РК Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер 2 ги почна подготовките за новата сезона

Ракометниот суперлигаш Еурофарм Пелистер 2 денеска ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона 2026/27.

Под водство на новиот тренер Бранислав Ангеловски, младиот суперлигаш го одржа првиот работен состанок и тренинг.

Во стручниот штаб на Ангеловски ќе бидат Фарук Мемиќ (асистент тренер), Васко Димитровски (кондиционен тренер), Филип Ивановски (тренер на голмани) и Иванчо Тодоровски (физиотерапевт).

Екипата ќе се подготвува во Битола, а ќе одигра и контролни натпревари пред официјалниот старт.

Еурофарм Пелистер 2:

Дојдоа:
Александар Стојков (Куманово), Марко Трајков (Пролет), Кристијан Симоноски (Алкалоид), Божидар Илиески (Прилеп)

Заминаа:
Мартин Јовановски, Азис Бен Махфуд, Ненад Белистојаноски, Петар Марковски, Одфред Баптист. Томче Пецаковски, Бојан Гичев, Јован Даневски

Во првото коло на Суперлигата 2026/27, Еурофарм Пелистер 2 гостува кај шампионот Вардар 1961.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот