Фото: ЖФК Скопје 2014

ВИДЕО | Пораз на фудбалерките на Скопје 2014 во квалификациите за ЛШ

Денеска во полуфиналето од првото квалификациско коло за Лигата на шампионите македонскиот женски првак Скопје 2014 загуби од ирскиот Атлон таун со 4:0.

На турнирот во полскиот град Чарни Сасновиец, головите за Атлон таун ги постигнаа Бренан во 19, Мареј во 43, Шериф во 77 и Хенд во 82 минута.

Во финалето Атлон Таун ќе игра против домаќинот Чарни Сасновиец кој со 7:1 го совлада Лусо од Грузија.

Натпреварот за третото место меѓу Лусо и Скопје 2014 ќе се игра на 25 јули.

Сите голови од натпреварот Атлон таун – ЖФК Скопје 2014 можете да ги погледнете на видео записот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот