Почина доајенот на македонската изворна песна, Наум Бурназ
Македонската и културна и музичка сцена остана без еден од своите најценети изведувачи на народната песна. На 86-годишна возраст во Охрид почина Наум Бурназ, пејач кој со децении беше вистински чувар на македонскиот фолклор и традиција.
Препорачано
Бурназ зад себе остави богата кариера исполнета со голем број антологиски интерпретации кои остануваат трајно запишани во националната музичка ризница. Неговиот специфичен вокал и автентичниот пристап кон изворниот мелос ги освоија симпатиите на бројни генерации, правејќи го еден од најпрепознатливите гласови на нашата естрада.
Во текот на целиот свој живот тој неуморно работеше на афирмација и зачувување на македонскиот фолклорен идентитет, достоинствено претставувајќи ја нашата музика како во земјава, така и пред македонската дијаспора ширум светот.
<
Бројни колеги, естрадни уметници и почитувачи со длабока тага се простуваат од охридскиот музички доајен, истакнувајќи дека македонската сцена загуби исклучителен уметник, чиј лик и песна засекогаш ќе останат дел од културната меморија на Македонија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
41мин
-
1час
-
2час
-
3час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


