Фото: Принтскрин од video од X / Kun István

ВИДЕО | Маж го плукна унгарскиот премиер Маѓар, a овој насмеано рече „Ги гледаме преостанатите лица на Фидес“

Инцидент на железничката станица во Будимпешта ја обележа посетата на унгарскиот премиер Петер Маѓар и министерот за транспорт и инвестиции Давид Витези. Додека се движеа кај железничката, маж им се приближи, прозборе нешто, па потоа плукна по нив, објави БГНЕС.

Маѓар и Витези се упатија кон железничката станица Ракошпалота-Ујпешт, каде што требаше да го презентираат Планот за развој на железницата „Габор Барош“.

По инцидентот, унгарскиот премиер му посака на човекот добро здравје, а потоа рече: „Ги гледаме преостанатите лица на Фидес“, алудирајќи на партијата на поранешниот премиер на земјата Виктор Орбан.

Во меѓувреме, се појавија шпекулации дека овој настан може да биде причината зошто министерот за градежништво и транспорт, Јанош Лазар, не патувал со воз.

Сличен инцидент се случи и со пратеникот од партијата „Тиса“, Кришта Бодиш, кој во ноември 2025 година изјави дека едно лице плукнало во него на улица.

„Плукаа во нас. И го надминавме тоа“, рече тогаш Бодиш.

Подоцна на социјалните мрежи изјави дека политичкиот ангажман „носи непријатности“.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот