Фото: kfshkendija.com

Положани: Сите мора да го дадеме максимумот за позитивен резултат против Браво

Фудбалерите на Шкендија в четврток од 20.45 часот на стадионот „Стожице“ во Љубљана ќе го играат првиот натпревар од второто квалификациско коло во Конференциската лига против Браво.

Своите очекувања за првите 90 минути од овој двомеч во Словенија ги сподели тренерот на тетовските „црвено-црни“, Артим Положани кој од своите играчи ќе бара максимална концентрација, правилен пристап и позитивен резултат за реваншот.

– Дефинитивно имаме исклучително важен натпревар пред нас, бидејќи и на други прес-конференции нагласив дека европските купови имаат специфичност дека колку повеќе кола поминувате, толку повеќе потешки мечеви. Тоа значи дека мора да бидеме 100% подготвени од првиот до последниот за настап за првиот меч во Словенија. Бидејќи е императив да имаме добар настап и од технички и од тактички аспект, бидејќи ни е потребен за континуитет, бидејќи ова се тешки натпревари. Дефинитивно ни треба сериозен пристап. Мислам дека од првиот до последниот мора да го дадеме нашиот максимум, бидејќи ваквите натпревари се специфични, земајќи ја предвид тежината што ни ја задава противникот. Браво е квалитетен тим, тим кој дефинитивно го има своето најсилно оружје во физичката подготвеност, тоа е тим кој игра тактички добро, тоа е тим кој игра со брзи транзиции, на кои дефинитивно мора да преземеме мерки и да одговориме со добар или одличен пристап, за потоа да го имаме следниот натпревар во Скопје, каде што влегувањето со позитивен резултат би било исклучително позитивно за нас – изјави Положани.

Тренерот на Шкендија кажа и дека нападот мора да биде подобар, дека 1/3 од нападот треба да има побрзи акции и побрзо завршување. Тие акции во последниот дел или 1/3 од нападот треба да бидат побрзи. Тимот работеше на тоа во текот на оваа недела, за да ги избегне грешките што се гледаат.

Пред настапот во Конференциската лига, Шкендија играше пријателски натпревари против две словенечки екипи. Загуби од Целје со 1:0, а триумфираше над Копер со 2:1. Своите очекувања ги сподели и играчот од средниот ред на Шкендија, Ендрит Красниќи:

– Мислам дека во Европа не верувам дека има слаб тим што игра на ова ниво, па затоа тимот работеше многу добро и верувам дека е подготвен. Се надеваме дека ќе имаме среќа и ќе го постигнеме она што го сакаме, пласман во следната рунда. Мислам дека знаеме речиси сè, иако беа пријателски натпревари каде што секој тренер или секој стручен штаб пробува нешто ново. Верувам дека го знаеме квалитетот и на Браво и на словенечката лига. Значи, сè што треба да направиме е да ги завршиме задачите што ги поставивме пред натпреварот и знаеме која е нашата цел, па затоа продолжуваме и работиме кон таа цел. Победата е позитивен резултат. Но, овој натпревар и секој друг натпревар што е со пласман во следната рунда сега се одлучува во Скопје. Затоа в четврток се надеваме дека ќе дадеме сè од себе и ќе се подготвиме што е можно подобро за следниот меч – се зборовите на Красниќи.

Трумчи: Браво е сериозен тим, се надеваме на успешен настап

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот