Ламин Јамал/Лионел Меси/EPA/RONALD WITTEK

Јамал и Халанд испишаа историја – според „Трансфермаркт“ ниеден друг фудбалер досега не вредел повеќе

По завршувањето на Светското првенство 2026 година, „Трансфермаркт“ ги ажурираше пазарните вредности на фудбалерите, а на врвот на листата се Ламин Јамал и Ерлинг Халанд, чија вредност се проценува на 220 милиони евра.

Јамал ја предводеше Шпанија до светската титула, додека Халанд беше главниот играч на Норвешка. По Мундијалот, вредноста на двајцата порасна за по 20 милиони евра, со што станаа првите фудбалери во историјата на „Трансфермаркт“ чија пазарна вредност ја надмина границата од 200 милиони евра.


До вредност од 200 милиони евра стигна и Килијан Мбапе. Францускиот напаѓач имаше одлично Светско првенство, на кое постигна десет голови, па неговата цена дополнително порасна.

Еден од најголемите добитници по Светското првенство е Мајкл Олисе.

Крилниот напаѓач на Баерн Минхен го урна рекордот по бројот на асистенции на едно Светско првенство, а неговата пазарна вредност порасна на 170 милиони евра, со што стана четвртиот највреден фудбалер во светот.

Петтото место му припаѓа на Џуд Белингем, чија вредност сега изнесува 160 милиони евра.

Значително зголемување на вредноста забележаа и Елиот Андерсон, кој сега се проценува на 120 милиони евра, како и Хулијан Алварез, чија вредност достигна 110 милиони евра.

Винисиус Жуниор се наоѓа на седмото место на листата,  со пазарна вредност која е за десет милиони евра помала од онаа на Педри кој е на шестото место.

ФИФА го објави идеалниот тим на Светското првенство 2026

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот