ребел вилсон
Ребел Вилсон / Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Ребел Вилсон ја доби тужбата за клевета против младата актерка Шарлот Мекинес

Холивудската ѕвезда Ребел Вилсон успешно се одбрани од обвинувањата за клевета што против неа ги поднесе младата актерка Шарлот Мекинес, која ја толкува главната улога во нејзиниот режисерски деби-филм „Деб“, пишува „Си-ен-ен“.

Австралискиот суд во средата ја отфрли тужбата на Мекинес, која ја обвини Вилсон дека шири лаги за неа пред милионската публика на Инстаграм. Актерката тврдеше дека објавите на Вилсон ја направиле мета на навреди и го загрозиле нејзиниот кариерен напредок, но судијката Елизабет Рејпер го отфрли тоа барање и наложи Мекинес да ги плати сите судски трошоци.

Во спорните објави, Вилсон сугерираше дека Мекинес поднела пријава за сексуално вознемирување против продуцентите на филмот со цел да си ја унапреди кариерата, што младата актерка одлучно го демантираше.

Случајот е само дел од серијата правни битки и меѓусебни обвинувања за клевета, корупција и кампањи за црнење кои го следат снимањето на австралискиот мјузикл.

Еден од клучните моменти во судењето беше инцидентот од септември 2023 година, кога Мекинес и продуцентката Аманда Гост се капеле заедно во када во пентхаус во Сиднеј. Двете истакнаа дека биле во костими за капење и влегле во кадата за да се стоплат по пливањето во студеното море, нагласувајќи дека ситуацијата немала никаква сексуална конотација.

Вилсон, од друга страна, тврдеше дека Мекинес ѝ се пожалила дека се чувствувала непријатно, поради што како режисерка чувствувала должност да реагира.

Продуцентката Аманда Гост и нејзините соработници исто така поднесоа одделна тужба за клевета против Ребел Вилсон поради сериозни обвинувања за недолично однесување.

По пресудата, Вилсон на социјалните мрежи ѝ се заблагодари на судијката и на австралискиот правосуден систем за, како што рече, „големата победа“.

Ова не е првпат Ребел Вилсон да победи на суд за клевета — во 2017 година таа ја доби тужбата против медиумската куќа Bauer Media, која ја обвини за давање лажни информации за нејзиното име, возраст и потекло.

ВИДЕО | Ребел Вилсон се соочува со тужба за клевета од ѕвездата на нејзиното режисерско деби

ВИДЕО | Ребел Вилсон се соочува со тужба за клевета од ѕвездата на нејзиното режисерско деби

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот