Ребел Вилсон - Фото: Принтскрин/ Јутјуб

ВИДЕО | Ребел Вилсон се соочува со тужба за клевета од ѕвездата на нејзиното режисерско деби

Австралиската актерка Ребел Вилсон се појави на суд во Сиднеј во понеделник за да се соочи со тужба за клевета поднесена од Шарлот Мекинес, главната актерка во режисерското деби на Вилсон „The Deb“, поради обвинувања поврзани со објавите на Вилсон на социјалните мрежи, пренесува „Гардијан“.

Мекинес тврди дека Вилсон лажно сугерирала во своите објави на Инстаграм дека таа приватно ѝ се доверила дека била сексуално вознемирувана од еден од продуцентите на филмот. Во судските документи се тврди дека Вилсон, ѕвездата на филмовите „Pitch Perfect“ и „Bridesmaids“, не ги потврдила обвинувањата со Мекинес и ги изнесела и покрај тоа што знаела дека не е поднесена тужба.

Во објавите на нејзиниот Инстаграм профил, кој има повеќе од 11 милиони следбеници, Вилсон наводно имплицирала дека Мекинес лажела кога таа негирала дека разговарала за вознемирување или несоодветно однесување со продуцентите на „The Deb“.

Одбраната на Вилсон, сепак, тврди дека обвинувањето било повлечено откако актерката Шарлот Мекинeс одлучила да ја поддржи жената која наводно ја вознемирувала.

Мекинeс ја тужи Вилсон поради четири објави на социјалните мрежи, за кои тврди дека ја клеветат и сугерираат дека таа лажела за случајот. Вилсон ги негира обвинувањата.

На почетокот на судењето во федералниот суд во Сиднеј, клучната спорна точка била разговор од септември 2023 година помеѓу двете актерки, во кој, според Вилсон, била спомната загриженост за сексуално вознемирување, додека Мекинeс тоа го негира. Судот слушнал дека разговорот следел по настан на плажа во Бонди, кога Меконeс и продуцентката Аманда Гост биле заедно, по што Гост се разболела од уртикарија, а Меконeс ѝ помогнала и ѝ подготвила бања. Според сведочењата, двете биле во када, додека разговарале, а Вилсон во тој период била на телефонска врска со нив. Мекинeс, според одбраната, не покажала никаква загриженост за настанот. Следниот ден, на снимањето на филмот „The Deb“, биле дискутирани случувањата, но страните се разликуваат во тврдењата за тоа што точно било кажано.

Одбраната на Мекинeс тврди дека таа никогаш не изјавила дека се чувствувала непријатно, додека адвокатите на Вилсон тврдат дека таа сепак изразила загриженост за однесувањето на Гост.

Во текот на случајот, одбраната на МекИнeс истакна дека нема докази за сексуално вознемирување и дека тоа е јасно од пораки и комуникации од тој период.

Сепак, страната на МекИнeс тврди дека подоцна се појавиле обиди случајот да се искористи во контекст на финансиски и деловни спорови поврзани со филмот.

Судењето пред судијката Елизабет Рапер продолжува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот