Легендарниот актер Вилијам Шатнер наполни 95 години и сè уште пуши: „Никогаш не фрлајте добра пура“
Легендарниот актер Вилијам Шатнер го прослави својот 95-ти роденден, а по тој повод сподели објава на Инстаграм. Канадскиот актер објави колаж од две фотографии – на едната насмеан гледа во камерата, а на другата ужива со пура. Во описот откри што научил низ животот.
Препорачано

„На 95 години сè уште пушам! Научив две работи: никогаш не фрлајте добра пура и никогаш не им верувајте на оние што ви велат дека треба да се однесувате според вашите години“, порача тој.
Шатнер е најпознат по улогата на капетанот Џејмс Т. Кирк во првото издание на серијата „Ѕвездени патеки“. Првпат го толкуваше ликот во 1966 година, а подоцна се појави и во повеќе филмови од франшизата.
Во текот на долгата кариера, се истакна и со улоги во сериите “TJ Hooker” , “Boston Legal”, како и во комедијата “Miss Congeniality”.
Шатнер, кој со својата прва сопруга има три ќерки, во ноември 2025 година изјави дека се чувствува благодарен што е здрав и опкружен со семејството.
Минатата година зборуваше и за својата роденденска традиција, откривајќи дека редовно учествува во хуманитарен настан преку кој со години се собираат средства за деца и ветерани.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
1час
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


