Денот на раѓање ја одредува судбината — eве што вели астрологијата
Во нашиот народ отсекогаш постоело верување дека секој ден во неделата има посебно значење. Слично на тоа, и астрологијата тврди дека токму денот кога сме родени има огромно влијание врз нашиот карактер, психолошките особини и животниот пат.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Пронајдете го денот кога сте родени и откријте што вели тој за вашата личност и судбина:
Понеделник
Луѓето родени во понеделник се исклучително чувствителни, грижливи и длабоко врзани за семејството. Сакаат да им помагаат на другите, но знаат да бидат и премногу чувствителни и цврсто убедени дека секогаш се во право.
Идеални професии: Социјална работа, војска и образование.
Вторник
Родените во вторник се енергични, борбени и храбри. Имаат силна волја, но и „краток фитил“. Сакаат акција и динамика, па затоа често ги привлекуваат специфични професии.
Идеални професии: Полиција, политика и фитнес.

Среда
Овие луѓе се љубопитни, зборлести и обожаваат да истражуваат. Тие се одлични комуникатори, но нивна мана е што знаат премногу да ги анализираат работите и да се оптоваруваат.
Идеални професии: Преведувачи, брокери и организатори на настани.
Четврток
Тие се родени оптимисти кои зрачат со позитивна енергија. Сакаат да делат совети и честопати во животот ги следи голема среќа. Иако некои нешта брзо им здосадуваат, тие лесно се враќаат во колосек.
Идеални професии: Патувања, пишување/новинарство и работа со животни.
Петок
Креативни, шармантни и вистински вљубеници во убавината. На уживањето му даваат огромно значење во животот, но мана им е што понекогаш премногу се оптоваруваат со мислењето на другите луѓе.
Идеални професии: Уметност, мода и продажба.
Сабота
Ова се сериозни, вредни и одговорни луѓе. Тие се вистински перфекционисти кои ги обожаваат редот и дисциплината. Тешко се отвораат емотивно пред другите, но се максимално сигурни и доверливи.
Идеални професии: Менаџмент, наука или финансии.
Недела
Весели и силни личности кои сакаат да бидат во центарот на вниманието. Креативни се и подеднакво уживаат и во друштво, но и во самотија. Нивна негативна особина е што на моменти можат да делуваат надмено. Ги привлекува уметноста и претприемништвото, пишува „Најжена“.


