Винченцо Монтела/EPA-EFE/SIMONE ARVEDA

По несреќа во домот почина сестрата на турскиот селектор Винченцо Монтела

Селекторот на турската фудбалска репрезентација, Винченцо Монтела, минува низ тежок животен период откако неговата сестра Катерина почина по неколкудневна борба за живот.

Според информациите од турските медиуми, таа претрпела сериозни повреди во несреќа што се случила во нејзиниот дом. По инцидентот била пренесена во болница, каде лекарите вложиле напори да ја спасат, но таа им подлегнала на повредите.

По трагичната вест се огласи и Фудбалската федерација на Турција, која преку официјално соопштение изрази сочувство до италијанскиот стратег и неговото семејство.

„Со длабока тага ја примивме веста дека Катерина Монтела, сестрата на нашиот селектор Винченцо Монтела, почина во болницата каде што беше лекувана по трагичната несреќа во нејзиниот дом“, соопштија од Федерацијата, додавајќи дека погребот ќе се одржи во четврток во близина на Неапол.

Оваа семејна трагедија доаѓа во период кога Монтела неодамна ја предводеше турската репрезентација на Светското првенство, каде селекцијата не ги оправда очекувањата и го заврши настапот уште во групната фаза.

ФИФА го објави идеалниот тим на Светското првенство 2026

По шест Светски првенства, Роналдо ќе го одигра последниот натпревар во дресот на Португалија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот