Анџелина Џоли и Бред Пит со децата/Фото: Swarbrick/Watts / INSTAR Images / Profimedia

„Само сакам сите да се залечиме“: Анџелина Џоли за одлуката на децата да се откажат од презимето Пит

Анџелина Џоли изјавила дека сака „сите да се залечат“, додека четири од нејзините шест деца преземаат правни чекори за официјално да го отстранат презимето Пит од своите имиња.

Според судските документи до кои дошол магазинот „Пипл“, Медокс (24), Захара (21), Шајло (20) и Вивијен (18) поднеле барања за промена на презимето. Како причина во сите документи е наведено само дека станува збор за „лични причини“.

Извор близок до Џоли изјавил дека актерката не е лута и не сака конфликти.

„Кога луѓето би ја знаеле целата вистина, би имале повеќе разбирање за децата и би ги почитувале нивните одлуки. Тоа што тие не зборуваат јавно и не изнесуваат детали само ја покажува нивната достоинственост“, рекол изворот.

Тој додал дека „Анџелина не се бори и не е гневна. Таа само сака сите да се залечат.“

Шајло уште во 2024 година доби судско одобрение да го отстрани презимето Пит и сега официјално се презива Шајло Џоли. Во меѓувреме, Медокс побарал да се преименува во Медокс Чиван Џоли, Захара во Захара Марли Џоли, а Вивијен сака нејзиното име да биде Вивијен Маршелин Џоли.

Судските постапки за Медокс, Захара и Вивијен сè уште се во тек. Рочиштето за Медокс е закажано за 14 септември, за Захара на 28 септември, а за Вивијен на 2 ноември.

Од друга страна, извор близок до Бред Пит претходно за „Пипл“ изјави дека е „тажно да се гледа како некој повторно јавно го истакнува успешното оттурнување на децата од другиот родител“.

Ниту Анџелина Џоли, ниту Бред Пит досега јавно не ги коментирале барањата на своите деца за промена на презимето. Последен пат Пит зборуваше за семејството во јуни 2025 година, кога истакна дека со годините сфатил колку е важно човек да биде опкружен со луѓето што ги сака и кои му возвраќаат со љубов.

Бред Пит ги поминува празниците со девојката: „Децата се оддалечија од него и го променија презимето“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот