Фото: Pexels / Inga Seliverstova

Зошто чаша алкохол со летен ручек „фаќа“ побрзо отколку навечер?

Летото е време за одмор, прослави, дружење и долги ручеци кои често траат со часови. Чаша вино или пиво со храната на многумина им изгледа како дел од опуштен ден, но не е реткост алкохолот испиен напладне да изненади со своето дејство. Истата количина што навечер во текот на излегување можеби не остава силен впечаток, среде денот може многу побрзо да доведе до чувство на припитост. Причината не е само во видот на пијалакот, туку во начинот на кој организмот реагира на алкохолот во текот на денот. Празен стомак, недостаток на течности, високи температури и долго траење на дружењето можат значително да влијаат на тоа колку брзо ќе го почувствуваме неговото дејство.

Една од главните причини е тоа што многумина пред ручекот не изеле посериозен оброк. Денот често започнува со кафе и лесен појадок, а првиот пијалак пристигнува на масата пред да се сервира храната.

Храната ја забавува апсорпцијата на алкохолот, па затоа тој побавно стигнува до крвотокот. Кога пиете на празен стомак, концентрацијата на алкохолот во крвта расте многу побрзо, поради што неговото дејство се чувствува посилно.

Освен тоа, црниот дроб тогаш дава предност на разградувањето на алкохолот, па потешко одржува стабилно ниво на шеќерот во крвта.

Тоа може да доведе до слабост, вртоглавица, треперење и чувство на дезориентираност.

Порати тоа експертите советуваат алкохолот да се консумира само со главниот оброк, а не пред него.

Храната богата со сложени јаглехидрати, како што се ориз, тестенини или интегрални житарки, како и здрави масти, ја забавуваат апсорпцијата на алкохолот и го намалуваат неговото ненадејно дејство.

Горештините и алкохолот не се добра комбинација

Во текот на летото, оргазнимот губи повеќе течности поради потењето, а многумина го започнуваат денот со кафе, без доволно вода.

Алкохолот дополнително го зголемува губењето на течности бидејќи поттикнува почесто мокрење.

Комбинацијата од високи температури и алкохол може брзо да доведе до дехидратација, предизвикувајќи главоболка, малаксаност, гадење и чувство на вртоглавица.

Затоа е важно во текот на дружењето редовно да пиете вода и да ги надополнувате течностите, особено ако престојувате на сонце или поминувате повеќе часа надвор.

Подолгото дружење значи консумирање повеќе алкохол

Летните дружења често траат од ручекот до доцна попладне, па многумина и не забележуваат колку всушност испиле. Она што започнало со една чаша често завршува со неколку пијалаци.

Како што концентрацијата на алкохол во крвта почнува да опаѓа, така исчезнува и почетното чувство на опуштеност.

Токму тогаш многумина несвесно нарачуваат уште еден пијалак за да го задржат истото чувство, што само го зголемува степенот на опиеност.

За разлика од вечерното излегување, по ручекот обично најчесто следат обврски.

Потребно е да се вози, да се завршат домашните работи или да се грижи за семејството, додека алкохолот сè уште делува.

Бидејќи сè уште има многу време пред спиење, организмот почнува да влегува во фаза на трезнење, а првите симптоми на мамурлак можат да се појават веќе попладне.

Како да се намали ризикот

Иако не постои целосно безбедна количина на алкохол, неколку едноставни навики можат да го намалат ризикот од непријатни последици.

Експертите советуваат да не се консумира алкохол на празен стомак, туку со оброк, како и со секој алкохолен пијалак да се испие и чаша вода за да се намали ризикот од дехидратација.

Во текот на жешките летни денови, се препорачува и ограничување на количината на алкохол, бидејќи високите температури дополнително го интензивираат неговото дејство.

Исто така, корисно е однапред да се одреди колку ќе се испие и да се придржувате до тој план, како и во текот на неделата да се воведат неколку дена без алкохол.

Експертите советуваат и да се избегнува истовремено консумирање алкохол и цигари, како и да се води сметка за правилна исхрана, доволно сон и редовна физичка активност.

Во последниве годин има сè повеќе докази дека дури и умереното консумирање алкохол не е целосно без ризици по здравјето.

Затоа најдобриот совет е умереноста, особено во текот на летните месеци, кога горештините и недостатокот на течности можат значително да го интензивираат дејството на алкохолот.

Зошто алкохолот нè „погодува“ посилно како што старееме и зошто и една чаша може да предизвика вртоглавица?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот