Најавени се инспекции на зградите чии покриви одлетаа во невремето — ќе се формираат и комисии за процена на штети
Во просториите на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски одржа координативен состанок со скопските градоначалници и со Кризниот штаб на Градот, на кој биле разгледани штетите и последиците од силното невреме, како и начинот за исплатата на штети.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На состанокот било договорено сите Општини да формираат комисии пред кои граѓаните ќе можат да ги пријавуваат штетите предизвикани од невремето. Потоа, во координација со Град Скопје, ќе се врши стручна процена на пријавените оштетувања, по што, согласно законската регулатива и расположливите можности, ќе започне постапка за исплата на средства на граѓаните при санацијата на оштетените станбени објекти.
ФОТО | Во невремето е оштетен и часовникот на Музејот на Град Скопје
Ѓорѓиевски информираше и дека во периодот што следи, општинските градежни инспектори, инспекторите за домување и другите надлежни служби од Општините ќе започнат со спроведување на засилени и строги контроли на сите објекти на кои им одлетаа или значително им се оштетија крововите за време на силното невреме.
„Ќе се проверуваат сите објекти со оштетени кровови за да се утврдат причините за настанатите оштетувања, имајќи предвид дека нивното одржување е обврска на куќните совети“, наведува Ѓорѓиевски.
Градоначалникот додаде дека сите расположливи капацитети се ставени во функција за справување со последиците од невремето и истакна дека Град Скопје располага и со солидарен фонд, во кој се обезбедени средства за обесштетување на граѓаните во вакви ситуации.
ФОТО+ВИДЕО | Бесно невреме удри врз Скопје — орканскиот ветер корнеше покриви, кутна стотици дрвја


