Суарез блескаше и без Меси: Интер Мајами го победи Чикаго на дебито на Левандовски
Интер Мајами ја продолжи својата победничка серија во МЛС, откако го победи тимот на Чикаго Фајр со 3-2 на домашен терен. Играч на натпреварот беше Луис Суарез, кој постигна два гола на својот 100. настап за Интер Мајами во сите натпреварувања. Уругваецот стигна и до бројката од 50 погодоци за клубот, со што стана само вториот фудбалер во историјата на Интер Мајами кој успеал да стигне до овој подвиг.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Гостите поведоа благодарение на автоголот на Риас Ново во 18. минута. Сепак, нивното водство не траеше долго, Мајами ја презеде иницијативата и преку пеналот на Суарез израмни во 27. минута. Во второто полувреме Суарез му донесе водство на Интер Мајами по асистенцијата на Бертераме со пета, со што стигна до својот осми гол сезонава.
Berterame 🤝 Suarez
Beautiful stuff from Miami and Luis Suarez has a brace! pic.twitter.com/9zY4pPSxqt
— Major League Soccer (@MLS) July 23, 2026
Чикаго се врати во игра во 67. минута со голот на напаѓачот Дитејане. Интер Мајами и покрај примениот гол продолжи да напаѓа, а наградата за добрата игра пристигна во 87. минута преку младиот играч Престон Пламбек, кој влезе од клупата.
Тоа беше негов прв гол во МЛС и воопшто прв погодок за сениорскиот тим на Интер Мајами.
До крајот резултатот не се промени, па Интер Мајами ги освои трите бода и ја продолжи победничката серија на пет натпревари во сезоната 2026.
Luis Suárez 🤝 Preston Plambeck
1,000+ senior appearances 🤝 4 senior appearances
Goalscorer 🤝 goalscorer
Love. To. See. It. pic.twitter.com/LypCIYnCvk
— Major League Soccer (@MLS) July 23, 2026
Роберт Левандовски дебитираше за Чикаго, со што стана седмиот фудбалер роден во Полска кој настапил за клубот. Напаѓачот не одигра на своето препознатливо ниво и беше заменет во второто полувреме.
Welcome to MLS, Robert Lewandowski 🇵🇱 pic.twitter.com/xVLCptLPwY
— Major League Soccer (@MLS) July 22, 2026
Новиот играч на Интер Мајами, Касемиро, натпреварот го следеше од трибините во друштво на косопственикот Хорхе Мас. Со неговото доаѓање, претстојното враќање на Лионел Меси и Родриго де Пол по одморот по Светското првенство во средината на август, како и одличната форма на Луис Суарез, Интер Мајами има сериозни амбиции во борбата за трофеи оваа сезона.
Касемиро потпиша за Интер Мајами, МЛС отвори истрага околу регуларноста на трансферот


