Гвардиола е најголемата желба на Италијанците, но парите се проблем
Новиот претседател на Фудбалската федерација на Италија, Џовани Малаго, има јасна желба Пеп Гвардиола да стане нов селектор на „аѕурите“. Сепак, покрај ограничениот буџет, пречка претставува и фактот што шпанскиот стратег засега не е подготвен да се врати на работа.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Според италијанските медиуми, Паоло Малдини и Леонардо отпатувале во Барселона на разговори со поранешниот тренер на Барселона, Баерн Минхен и Манчестер сити, но се вратиле без конкретен договор и без преголем оптимизам.
Гвардиола е прв избор на раководството на Федерацијата, кое му презентирало долгорочен проект за развој на италијанскиот фудбал, во кој токму тој би бил клучната фигура. Планот е да воведе нова фудбалска филозофија, која би започнала уште од младинските репрезентации.
Иако ваквиот проект претставува голем предизвик за тренер како Гвардиола, кој е познат по својата посветеност, токму тоа е една од причините поради кои се двоуми. Тој сака целосно да се посвети на секоја работа што ја прифаќа, а по заминувањето од Манчестер сити, на семејството му ветил дека ќе направи подолга пауза.
Од Федерацијата му понудиле можност да формира стручен штаб што би му овозможил поголем дел од времето да го поминува во Барселона, но останува неизвесно дали тоа ќе биде доволно за да ја промени неговата одлука. Доколку ја прифати понудата, со работа би требало да започне веќе во септември, кога Италија ја очекуваат натпреварите од Лигата на нации.
Дополнителен проблем претставуваат и финансиските услови. Италијанската федерација може да понуди околу 10 милиони евра годишно, додека Гвардиола наводно бара двојно поголема плата, околу 20 милиони евра.
Претседателот Малаго засега не се откажува од идејата и е подготвен да почека уште неколку дена во надеж дека ќе добие позитивен одговор.
„Не верувам дека името на новиот селектор ќе биде објавено на Собранието на Серија А“, изјави Малаго.
Собранието денеска се одржува во Милано, а на него, покрај претседателот, ќе присуствуваат и Малдини и Леонардо, кои ќе го претстават проектот за иднината на италијанскиот фудбал. Иако изборот на селектор не е официјална точка на дневниот ред, се очекува ова прашање да биде една од главните теми на состанокот.
ФОТО | Искршени столчиња и шкафчиња: Летонците покажаа голема некултура по победата над Вардар


