Тетово / Фото: dandarmkd / Wikimedia Commons / CC BY-SA 4.0

Момчиња се боделе со ножеви во Тетово — две се во болница, едното има тешки повреди

Нов инцидент со брутално насилство меѓу млади луѓе е забележан во Тетово — две момчиња се уапсени откако нападнале и раниле со нож нивни врсници, од кои едниот е тешко повреден, соопшти МВР.

„На 22.07.2026 во 00:45 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода В.И.(22) и А.Ш.(21), двајцата од с.Палатица, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„ЈНА“ во Тетово со остар предмет ги нападнале А.А.(24) и Б.А.(21), двајцата од с.Непроштено, при што Б.А. се здобил со тешки телесни повреди, додека А.А. со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Тие се задржани во полициска станица и по целосното расчистување на случајот, ќе следува соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Паднато дрво повредило скопјанка, минувач ѝ помагал — барајќи ѝ ја чантата, на местото нашол бомба

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот