Повредена жена е извлечена од превртен автомобил на патот кон Дојран
Автомобил со гевгелиски регистарски ознаки утрово се превртел на патот кон Дојран, а од возилото е извлечена жена која била заглавена. Жената е полесно повредена, а неа ја извлекле пожарникарите од Гевгелија, Валандово, Дојран, соопштија од ТППЕ Гевгелија.
Препорачано
„Утрово три противпожарни единици учествуваа во извлекувањето на приклештено лице во превртено возило на пат кон Дојран. Акцијата за извлекување на загрозениот возач од превртеното возило траеше речиси час и половина, од 05:30 до 06:55 часот изутринава. Спасена е жена која за среќа претрпела само полесни повреди“, соопштија од ТППЕ Гевгелија.
Сообраќајката е пријавена утрото на меѓународниот број за итни случаи за помош 112 и пријавен е превртен автомобил со тројца заглавени на раскрсницата за Дојран према Ѓопчели. На повикот за помош на меѓународниот телефонски број одговориле трите најблиски пожарникарски екипи од Гевгелија, Валандово и Дојран.
Спасувачките дејствија ги завршила екипата на ТППЕ Гевгелија. Оттаму велат дека по повикот, на терен затекнале едно превртено возило „берлинго“ и една заглавена жена која е успешно извлечена од превртеното возило, со претрпени полесни повреди.
Увид на местото на настанот изврши и екипа на ПС Гевгелија.
Паднато дрво повредило скопјанка, минувач ѝ помагал — барајќи ѝ ја чантата, на местото нашол бомба


