Газда на фирма од Струга затаил данок од 130.000 евра
Финансиската полиција поднесе кривична пријава против сопственик на фирма од Струга, поради сомнение дека затаил данок од над 130.000 евра.
Препорачано
Според пријавата, сопственикот, со иницијали С.З., набавил трговска стока за фирмата која била евидентирана како залиха во вредност од 423.654 евра, а потоа неосновано ја присвоил за себе.
Од Управата за финансиска полиција наведуваат дека пријавениот не пресметал, не пријавил и не платил даночни обврски за ДДВ, данок на личен доход и за данок на добивка.
Дополнително, според пријавата, тој не ги признал како приход застарените и ненамирени обврски во вкупен износ од 131.894 евра, прикажани во бруто-билансот за 2025 година, иако истите, според закон, застаруваат во рок од три години, а за нив не биле поведени судски постапки за наплата.
Пријавениот бил должен да поднесе даночен биланс за 2025 година, но тој ниту го пресметал, ниту го платил данокот.
Со наведените дејствија, се додава во соопштението, тој го оштетил Буџетот на Македонија за вкупно 131.080 евра.
Кривичната пријава е поднесена до Основното јавно обвинителство Струга поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик.
Ортаци во фирма од Скопје затаиле 120.000 евра од државата, тврди Финансиската полиција


