Двајца ирски полицајци мистериозно завршија во болница, им се слошило додека испитувале запленети вејпови
Двајца полицајци од Ирска се хоспитализирани откако им се слошило додека биле на должност и испитувале запленети вејпови (електронски цигари) во полициската станица во Едендери, во округот Офали, пренесува Сан.
Препорачано
Поради инцидентот, полициската станица во Едендери е затворена и ќе остане недостапна до завршувањето со деталното чистење и со дополнителната специјалистичка проверка.
Полициските задачи привремено ќе ги преземе полициската станица во Туламор.
Според ирската гарда, на двајцата полицајци и на нивните семејства им е обезбедена психосоцијална и друга поддршка.
„Двајца припадници на гардата се хоспитализирани откако им се слоши додека беа на должност во среда, на 22 јули 2026 година, во полициската станица во Едендери. Тие учествуваа во обработка на електронски цигари запленети од деловен објект во рамки на тековна истрага. Двајцата полицајци во моментов се во болница и се под лекарски надзор“, соопштија од полицијата.
Гардата им обезбедува поддршка на хоспитализираните полицајци и на нивните семејства.
„Полициската станица во Едендери ќе остане затворена до дополнителни проверки и специјализирано длабинско чистење, закажано за 23 јули 2026 година“, рекоа од полицијата.


