ФОТО | Вработениот во Мајами кој направи грешка со објавата за Леброн добил отказ?
Додека љубителите на кошарката ја очекуваат одлуката на Леброн Џејмс за тоа каде ќе ја продолжи кариерата по заминувањето од Лос Анџелес лејкерс, вистинска бура предизвика објава на официјалниот јутјуб-канал на Мајами хит.
Препорачано
На каналот накратко се појави најава за пренос во живо закажан за 27 јули, означен како прес-конференција на која ќе биде претставен Леброн Џејмс како нов член на клубот. Информацијата за само неколку минути се прошири низ американските медиуми и социјалните мрежи.
Набрзо потоа, од Мајами ја сменија насловната ознака на видеото во „тест“, а потоа целосно го направија приватно. Сепак, веќе беше предоцна за тоа да се прошири во јавноста.
The official Miami Heat channel accidentally uploaded a scheduled live stream for July 27th with the title: “LeBron James Presentation” pic.twitter.com/JVfv7hvWfx
— BrickCenter (@BrickCenter_) July 22, 2026
Од клубот не дадоа официјално објаснување за тоа што се случило, но интернет-корисниците брзо забележаа интересен детаљ. Само кратко време по спорната објава, Мајами хит на „Линкедин“ објавил оглас за вработување директор за јутјуб-стратегија, што според многумина е показател дека лицето кое ја објавило најавата добило отказ.
Огласот за новото работно место за многу кратко време привлекол повеќе од 100 кандидати.
Останува да се види дали станувало збор само за човечка грешка или објавата навистина предвреме открила дека Леброн Џејмс повторно ќе го облече дресот на Мајами хит, клубот со кој освои две шампионски титули во НБА.



