Реал Мадрид/Real Madrid C.F

ФОТО | Реал Мадрид за новата сезона ќе има и зелени дресови

Реал Мадрид ја откри и втората гарнитура на дресови за сезоната 2026/27 која ќе биде во зелена боја.

Станува збор за дизајн кој претставува потсетување на боите што клубот ги користеше во минатото. Од Реал објаснија дека новата опрема не е класична еднобојна верзија, туку содржи и суптилни детали кои му даваат посебен изглед.

„Ова е темно зелена опрема со бели детали на дресот, враќање на комбинација на бои што беа користени во минатото. Дресот не е со обичен дизајн, туку на него се вметнати и суптилни детали… Се надеваме дека овој дрес ќе ни донесе големи успеси, веќе може да го најдете на официјалната веб-страница на Реал или на веб-страницата на Адидас“, стои во соопштението на клубот.

Основната верзија на новиот дрес ќе чини 100 евра. За дополнување со логото на Лигата на шампионите ќе треба да се доплатат уште 15 евра, додека ознаката за Ла Лига чини дополнителни 10 евра. Навивачите кои сакаат на дресот да стои името и бројот на некој од фудбалерите на Реал ќе треба да издвојат уште 25 евра.

ФОТО | Искршени столчиња и шкафчиња: Летонците покажаа голема некултура по победата над Вардар

Ристовски разочаран од посетеноста на роденденот на Вардар: Во Македонија исчезнува навиката да се биде на трибина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот