Ивановски го предаде мечот во осминафиналето на турнирот во Австрија
Калин Ивановски несреќно го заврши настапот на фјучерс-турнирот во австриски Олерсбах, откако беше принуден да го предаде мечот од второто коло против осмиот носител Бор Артнак од Словенија.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Ивановски само ден претходно одигра тежок и маратонски дуел против Александер Чајка, во кој со пресврт успеа да стигне до победата. Сепак, напорниот натпревар остави трага, па македонскиот тенисер не успеа да го заврши следниот предизвик.
Артнак го освои првиот сет со 6:4, а откако поведе со 1:0 во вториот сет, Ивановски одлучи да се повлече и да му ја препушти победата на словенечкиот тенисер.
Со ова заврши настапот на македонскиот тениски ас на турнирот во Олерсбах, кој се игра за награден фонд од 30.000 долари.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
Видео на денот
-
Најново
-
Најчитано
-
23мин
-
45мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


