ВИДЕО | Прекрасен гест: Педро Поро го исполни детскиот сон и му го даде медалот од Мундијалот на својот дедо
Фудбалот често создава приказни кои ги надминуваат границите на спортот, а една таква пристигнува од шпанскиот репрезентативец и фудбалер на Тотенхем, Педро Поро.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
По освојувањето на титулата светски шампион со репрезентацијата на Шпанија, Поро одлучи најголемото признание во досегашната кариера да го предаде во рацете на човекот без кого тој успех немаше да биде можен, неговиот дедо.
Приказната зад овој емотивен момент започнува уште во детството на Поро, кога тој бил момче со големи фудбалски соништа. Неговиот дедо со години минувал илјадници километри возејќи го на тренинзи и натпревари, секогаш обезбедувајќи му поддршка во периодите кога патот до професионалниот фудбал изгледал далечен.
Токму поради неговата жртва и посветеност, младиот Педро му ветил дека еден ден ќе стане светски шампион со Шпанија. Години подоцна, ветувањето стана реалност. Веднаш по враќањето од Светското првенство, шпанскиот репрезентативец го посетил својот дедо и лично му го врачил златниот медал.
„Мисијата е завршена“, порача Поро додека неговиот дедо со гордост и силни емоции го ставаше медалот околу вратот.
🇪🇸 From long drives to training as a child to celebrating on top of the world together. Pedro Porro gave his grandfather the medal they had always dreamed about. 🤝🥇pic.twitter.com/Ra9AT8fS9x
— PurelyFootball ℗ (@PurelyFootball) July 23, 2026


